Алтернативните за рускиот гас ќе ја чинат Европа далеку повеќе, ќе се зголемат цените на енергенсите за 1,5 до 2 пати, изјавуваат експертите во бриселскиот аналитички центар „Брејгел“, а пренесува ИТАР-ТАСС.
„Во моментов околу 40% од целиот увоз на гас во ЕУ доаѓа од Русија, а ЕУ плаќа за тоа околу 52 милијарди долари годишно“, се забележува во извештајот на центарот. Со сегашните цени на гасот на светскиот пазар, за да се направи исплатлив преносот на енергенси преку океанот во ЕУ, нивната цена треба да порасне за 100%, предупредува „Брејгел“.
Ако се земе предвид испораката на гас од САД и Норвешка, како и користењето на сопствениот, европски јаглен, тогаш, според „Брејгел“, цените ќе се зголемат за 50%.
Експертите сметаат дека на краткорочна и среднорочна перспектива, Европа тешко дека може да се откаже од рускиот гас.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче