Во Молдавија се собираат потписи за членство во Царинската унија

Социјалистичката партија на Молдавија започна собирање потписи за поддршка за влезот на земјата во Царинската унија, во која членуваат Русија, Белорусија и Казахстан.

Социјалистичката партија на Молдавија започна собирање потписи за поддршка за влезот на земјата во Царинската унија, во која членуваат Русија, Белорусија и Казахстан.

„Истовремено ќе ги информираме граѓаните и за корисните страни на тој надворешнополитички вектор за нашата земја“, изјави лидерот на партијата, пратеникот Игор Додон.

Тој нагласи дека последните испитувања на јавното мислење покажуваат дека населението повеќе сака Молдавија да се зачлени во Царинската унија, отколку во ЕУ. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња