Во борбениот состав на Црноморската флота (ЦФ) на Русија ќе се приклучат повее од 30 нови бродови од Воено-морските сили на Украина, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на извор во ЦФ.
„Автоматски нема да се вклучи ниту еден брод од украинската флота во составот на ЦФ. Најпрво сите ќе поминат низ технички сервис, и дури после тоа ќе биде определено кои бродови ќе останат во составот на флотата, а кои бродови ќе подлежат на утилизација“, изјави изворот.
Забележано е дека техничката готовност на бродовите ќе биде определена од специјалистите на ВМФ на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче