Германската канцеларка Ангела Меркел, после состанокот со претседателката на Јужна Кореја, Парк Геун Хје, се изјасни во корист на решавање на украинската криза преку политички пат без воведување на економски санкции против Русија.
Претседателката на германската влада истакна дека Западот „не го постигнал нивото кој подразбира воведување економски санкции“ против Москва. „Се надевам дека тоа ќе може да се избегне“, изјави канцеларката. „Јас не сум заинтересирана за ескалација, напротив, јас работам на деескалација на ситуацијата“, изјави Меркел, а пренесува ИТАР-ТАСС.
Германските експерти се согласуваат дека економските санкции против Русија би имале негативен ефект врз германското стопанство. Трговската размена меѓу Германија и Русија во минатата година изнесуваше 76 милијарди евра, со 6.000 фирми кои работат со руските претпријатија, чиј вкупен износ на инвестиции изнесува 20 милијарди евра. Околу 300.000 работни места во Германија зависат од економските односи со Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче