Генералното собрани ена ООН во четвртокот со мнозинство гласови ја усвои резолуцијата со која за референдумот на Крим за приклучување кон Русија се кажува дека нема законска сила, јавува РИА „Новости“.
Во резолуцијата на Генералното собрание на ООН е нагласено дека „референдумот во Автономната Република Крим и градот Севастопол на 16 март 2014 нема законска сила и не може да биде основа за било каква измена на статусот на Автономната Република Крим или градот Севастопол“.
Генералното собрание ги повика државите, меѓународните организации и специјализираните институции да не ја признаваат промената на статусот на Крим и Севастопол и да се „воздржат од било какви дејства или чекори кои би можеле да се сфатат како признавање на било какви измени на статусот“.
Москва го отфрли предлогот на нацрт резолуцијата на Генералното собрание на ООН за Украина поради неговиот спорен карактер. „Нацртот се обидува да го релативизира значењето на референдумот одржан на Крим кој веќе ја одигра својата историска улога. Контрапродуктивно е да се оспорува“, изјави постојаниот претставник на Русија во ООН, Виталиј Чуркин.
Повторното обединување на Крим и Руската Федерација, според неговите зборови, е резултат на доброволниот избор на жителите на Крим, а Русија „не можеше да ја игнорира желбата на жителите на Крим за самоопределување и реализација на дамнешната желба“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче