Разговорите за „гасна војна“, кои Западот ги објави на Русија, претставуваат политичка фантазија, изјави постојаниот претставник на Русија во ЕУ, Владимир Чижов.
„Тоа не е ни политичко застрашување. Јас би рекол дека во прашање се политички фантазии“, изјави Чижов, а пренесува „Интерфакс“.
Претседателот Барак Обама претходно изјави дека американските власти се подготвени да го одобрат извозот на природен гас во обем неопходен за задоволување на секојдневните потреби на Европа. Како што истакнуваат експертите, американскиот гас добиен преку преработка на преработка на гасот од шкрилци не може да ја избрка Русија од Европа. За почеток САД и Европа би морале да потрошат десетина милијарди долари. Дури и во тој случај, цената на американскиот гас би била во најмала рака споредлива со цената на рускиот гас, а веројатно и повисока.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче