Како поддршка за Крим, во 2014 година од антикризниот фонд на Русија ќе бидат издвоени околу 2 милијарди евра. Ова го пренесува Bloomberg.
„Според оценките на владата, за поддршка на Крим и Севастопол потребни се од 2 до 2,5 милијарди евра поддршка“, изјави изворот.
Додадено е дека поради расходите за зголемување на платите и пензиите до нивото на руските, сумата може да биде зголемена до 4,5 милијарди евра.
На Крим на 16 март се одржа референдум за статусот на автономната република, на кој 96% од избирачите се изјаснија за приклучување на регионот во составот на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче