Владата на Руската Федерација реши да се откаже од користењето на електронската табличка iPad, а како нивна замена ќе ги користи електронските таблички од компанијата Самсунг, но се додава дека тоа не е мерка против американската компанија. Ова го пренесува шефот на Министерството за телекомуникации и врска, Николај Никофоров.
Претходно беше објавено дека на заседанијата на кабинетот на министрите нема да се користи iPad. Наместо нив, ќе ги користат производите на компанијата Самсунг.
„Тоа се електронски таблички, заштитени на посебен начин, и на нив може да се обработуваат и чувствителни информации“, изјави Никифоров.
На 24 март во Министерството за телекомуникации и врски изјавија дека се планира воведување забрана за користење на американски софтвер и хардвер во државниот сектор.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче