Владата на Русија знае како да реагира во услови на ризици, поврзани со можната реакција на инвеститорите од влошувањето на односите на Русија со Западот. Ова го пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на вицепремиерот Игор Шувалов.
„Лицата кои се поврзани со економијата треба да разберат дека најлошото сценарио не е поврзано со формалните санкции, туку со тоа како ќе се однесуваат крупните инвеститори кои имаа долгогодишни врски со Русија“, изјави вицепремиерот.
Шувалов, исто така, забележа дека Русија ќе бара нови партнери, но притоа нема да излезе од традиционалните пазари. „Сега најважно е да бидеме активни, а треба и да бараме нови партнери, или да го зголемиме вниманието таму, каде што истото досега отсуствуваше“, додаде Шувалов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче