Медиуми: Британија сака рускиот гас да го набавува директно од Русија, заобиколувајќи ги санкциите

Велика Британија се подготвува да започне директно купување на гас во Русија, заобиколувајќи ги санкциите за кои се договара Европската унија, објави британската верзија на "Huffington Post".

Велика Британија се подготвува да започне директно купување на гас во Русија, заобиколувајќи ги санкциите за кои се договара Европската унија, објави британската верзија на "Huffington Post".

„Најголемата британска енергетска компанија 'Centrica', сопственик на компанијата "British Gas", од октомври годинава ќе започне директен увоз на руски гас. Плановите на компанијата "Centrica" се основаат на активноста на дипломатите околу ситуацијата во Украина, како и поради притисокот кои тие го вршат врз европските политичари, со цел да се намали енергетската зависност од Русија“, наведува "Huffington Post", а пренесува РИА „Новости“.

Весникот пишува дека производството на гас во Велика Британија секоја година се намалува аз 7%. Денес испораките на руски гас во Британија пристигнуваат преку Германија и другите европски земји. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.