Санкциите на ЕУ и САД кон Русија не ги плашат Русите. За ова сведочат податоците од анкетата на ВЦИОМ, објавени на интернет-страницата на центарот.
26% од анкетираните сметаат дека најсериозни последици за Русија можат да имаат економските санкции.
Анкетираните сметаат дека незначителни се визните санкции (74%), блокирањето на руските сметки на Западот (73%), отповикувањето на амбасадорите од западните држави од Русија (67%), како и откажувањето на самитот на Г-8 (67%).
Речиси половина од анкетираните (49%) изјавиле дека односите на Русија со Западот ќе се влошуваат. Притоа, 52% се уверени дека односите меѓу Русија и западниот свет ќе бидат напрегнати и полни со недоверба.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче