Санкциите против најблиските лица до рускиот претседател, Владимир Путин, нема да влијаат на неговата политика, пишува The USA Today. Сепак, Русите сметаат дека името тие ќе ја почувствуваат сета тежина на економските санкции.
„Мислењето на владејачките кругови и бизнисот е дека санкциите нема да удрат силно врз Русија, додека посилни санкции се проблематични и за самите западни држави“, го пренесува изданието мислењето на Дмитриј Данилов, раководител на одделот за безбедност при Институтот на Европа.
Според мислењето на експертот, постојните санкции не се многу ефективни.
„Земајќи ја предвид структурата на власта во Русија, јасно е дека бизнисот е ориентиран кон политиката, и поради тоа ќе бидат принудени да се адаптираат на новите политички реалии. Бизнисот и чиновниците се повеќе обеспокоени за ситуацијата во Украина и трговските врски, отколку самите санкции“, забележа експертот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче