Министерството за одбрана на Русија воведе нов медал „За враќање на Крим“

Министерството за одбрана на Руската Федерација воведе нова награда - медалot „За враќање на Крим“, пренесува „Корреспондент.нет“.

Министерството за одбрана на Руската Федерација воведе нова награда - медалot „За враќање на Крим“, пренесува „Корреспондент.нет“.

Во вторникот новиот медал го врачи шефот на министерството за одбрана, Сергеј Шојгу, за време на неговата посета на Крим.

Првите кои го добија овој медал се Сергеј Аксјонов, командата на Црноморската флота на Русија, руските маринци, како и поранешните припадници на специјалната единица „Беркут“.

Треба да се забележи дека пример за новиот медал стана претходниот медал „За ослободување на Крим“, кој бил врачуван во 1944 година.

на 16 март на Крим се одржа референдум за статусот на автономната република. Резултатите од референдумот покажаа дека 96% од гласачите се изјаснија за влегување на регионот во составот на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња