Американските сенатори бараат од претседателот Барак Обама билатералните средби за време на самитот за нуклеарна безбедност во Хаг да се искористат за да се договори со партнерите во НАТО за засилено воено присуство во земјите кои се граничат со Русија, како и за воведување построги економски санкции кон Русија. Ова го изјавија членовите на американскиот Конгрес на чело со сенаторот Кели Ајот.
Како што пренесува „Гласот на Америка“, конгресмените го пофалија Обама поради минатонеделната одлука на лицата околу Путин да им го забрани влезот во САД и да воведе финансиски санкции против Русија. Воедно тие побарале и воведување дополнителни мерки, кои треба да го спречат Кремљ да продре во другите региони на Украина. Освен тоа, конгресмените побараа воведување економски санкции за целокупниот финансиски сектор, „со што најсилно ќе се удри по руската економија“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче