Уште еден сателит „Глонасс“ е лансиран во орбитата

Навигацискиот сателит „Глонасс М“ беше лансиран од космодромот Плесецк во понеделникот во доцните ноќни часови, пренесува „Гласот на Русија“.

Навигацискиот сателит „Глонасс М“ беше лансиран од космодромот Плесецк во понеделникот во доцните ноќни часови, пренесува „Гласот на Русија“.

Според зборовите на портпаролот од министерството за одбрана на Русија, полковник Алексеј Золотухин, ракетата „Сојуз-2.16“ со сателитот „Глонасс-М“ беше лансирана во 2:54 по московско време.

Рускиот глобален навигациски сателитски систем „Глонасс“ е наменет за пресметување на локацијата и брзината на различни објекти со прецизност до 1 метар.

Претходно неколку сателити „Глонасс“ поради различни причини не успеаја да бидат ставени во орбитата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња