Украинските војници кои се разместени на Крим го напуштија полуостровот или преминаа на страната на Русија, изјави првиот потпретседател на кримската влада, Рустам Термиргалиев, пренесува „Гласот на Русија“.
Украинските власти изјавија дека војската добила наредба да го напушти Крим. Според зборовите на привремениот претседател Александар Турчинов, војската која е разместена на полуостровот ѝ дала на украинската армија време да се подготви украинската армија за одбрана на земјата.
Турчинов, притоа, нагласи дека кримската војска претрпела значителни загуби. Политичарот не прецизираше на што точно мисли.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче