Руската рубља од понеделникот официјално се наоѓа во оптек во Кримскиот федерален округ на Русија, пренесува „Интерфакс“.
Според зборовите на официјалните лица на Крим, од понеделник ќе може да се плаќа и со рубљи и со гривни. Преминот од едната кон другата валута ќе се одвива постепено.
„Финансискиот систем засега ќе работи и со рубљи, и со украинската гривна“, забележа претседателот на Банката на Крим, Николај Бариљук.
Рубљата ќе биде основно платежно средство во единиците на републиката: платите, пензиите и стипендиите ќе се исплаќаат од денес во рубљи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче