Министерството за одбрана на Русија проценува дека одлуката на Германија за прекинување на соработката со Русија е донесена под притисок и истата не е конструктивна, изјави заменикот министер за одбрана на Русија, Анатолиј Антонов.
Властите на Германија претходно одличија до крајот на април во целост да ја прекина воената соработка со Русија поради конфликтот во Украина.
„Прекинот на контактите меѓу воените ресори анулира сѐ што постигнавме во последните неколку години, вклучувајќи ја и соработката во Авганистан и дијалогот за транспарентноста на воената активност. Сметаме дека одлуката на германската страна е донесена под притисток и дека не е конструктивна“, изјави Антонов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче