Шефовите на државите од ЕУ планираат да го блокираат влезот на Русија во Организацијата за економска соработка и развој и Меѓународната енергетска агенција, изјави премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон во Брисел после завршетокот на дводневниот самит на ЕУ.
Организацијата за економска соработка и развој на 13 март соопшти дека го прекинува процесот на прием на Русија. Организацијата, воедно, објави дека ќе дојде до интензивирање на соработката со Украина „во склад со барањето на властите на таа земја“, со цел да се пружи помош во решавањето на „проблемите со кои се соочува“.
Раководството на ОЕСР донесе одлука за започнување на преговорите за членство на Русија во мај 2007. Во јануари 2014 година, генералниот секретар на ОЕСР, Анхел Гуриа, изјави дека Русија може да влезе во организацијата веќе во 2015 година доколку ги исполни сите неопходни услови.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче