Русија започна да работи над проектот за создавање напреден комплекс за транспортната авијација - ПАК ТА. Се очекува работата врз него да заврши до крајот на следната деценија, пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на изјавата на генералниот директор и конструктор во компанијата „Илјушин“, Виктор Ливанов.
„Уште не постои точно име за проектот, но засега го викаме ПАК ТА, што е скратено од 'перспективен авио-комеплекс за транспортната авијација'. Засега тоа е само едно од имињата, а крајот на работата се очекува до 2030 година“ ,објасни Ливанов.
Според неговите зборови, конкретните детали за проектот ПАК ТА ќе бидат познати после консултации со потенцијалните нарачатели.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче