Медведев: Русија не може да се казни

Претседателот на Владата на Русија, Дмитриј Медведев, во петокот изјави дека во историјата на земјите, народите и цели континенти доаѓа до сложени ситуации, и дека западните земји, по условите во Украина, треба со Русија да воспостават исправни односи.

Медведев потсети на случувањата во август 2008 година,  кога „мораше да донесе одлука за употреба на руските Вооружени сили на територијата на странска земја“. Тогаш меѓународната заедница успеа да задржи урамнотежен однос кон Русија“.

„Се надевам дека и во оваа ситуација разумот ќе надвладее. Русија не може да се казни. Но со Русија може да се градат исправни односи“, заклучи премиерот на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.