Цената на рускиот гас за Украина може да порасне до 500 долари за кубен метар до 1 април, изјави в.д. премиерот на Украина, Арсениј Јаењук, а пренесува „Газета.ру“.
Тој, исто така, изјави дека Украина не може да се откаже од купувањето руски гас, „бидејќи во последните години ништо не е направено за да се диверзифицираат испораките на гасот“.
Рускиот премиер Дмитриј Медведв нешто порано изјави дека договорот, врз основа на кој Украина добиваше попуст за рускиот гас во висина од 100 долари за кубен метар, може да биде поништен, а Киев треба да ѝ надомести на Москва 11 милијарди долари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче