Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, изјави дека Русија не се однесува како партнер на НАТО. Ова го пренесува Ројтерс.
„Русија не се однесува како партнер, туку како противник на НАТО“, изјави Расусен. Тој додаде дека се застапува за дијалог со Русија во решавањето на спорните прашања, особено прашањата поврзани со Крим.
Претходно генералниот секретар изјави дека „навлегувањето на Русија во Украина“ е најголемата закана за безбедноста на Европа уште од времето на „студената војна“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче