Лавров: терминот „анексија“ не е прифатлив за ситуацијата околу Крим

Тврдењата на Западот дека Русија изврши „анексија“ на Крим се навреда за жителите на Крим, изјави вчера шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

Тврдењата на Западот дека Русија изврши „анексија“ на Крим се навреда за жителите на Крим, изјави вчера шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров на седницата на Советот на Федерацијата, посветена на ратификацијата на Договорот за приклучување на Севастопол и Крим кон Руската Федерација.

„Кога странските колеги го користат терминот 'анексија', предлагам само едно: кажете им на своите портпароли и служби за односи со јавноста да ги побараат видео-снимките од Крим, на кои жителите се прикажани како се радуваат поради приклучувањето кон Русија“ изјави министерот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.