Можните санкции на Западот против Русија и ситуацијата во Украина нема да бидат пречка во вооружувањето на руската армија. Ова го пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на заменикот министер за одбрана на Русија, Јуриј Борисов.
„Министерството за одбрана врши анализа на сите ризици кои се поврзани со можните санкции и прекин на испораката на одредени производи од Украина“, изјави Борисов.
Тој подвлече дека Русија „далеку повеќе доби од последниве случувања отколку што изгуби“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче