Генералниот секретар на ООН, Бан Ки Мун, ја оцени како конструктивна средбата со Путин. Двајцата разменија мислења за можните излези од кризната ситуација во Украина, пренесува РИА „Новости“.
„Се одржа доста конструктивна средба со претседателот Путин“, изјави генералниот секретар.
Тој забележа дека претходно се одржал разговор со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.
„Со рускиот претседател разменивме мислења за можните излези од кризата“, додаде Бан Ки Мун.
Во исто време, генералниот секретар на ООН е разочаран од референдумот одржан на Крим.
„Јас изразувам разочарување и загриженост во врска со ситуацијата која настана околу кримскиот референдум. Сепак, на еден или друг начин, јас дојдов во Москва, и сега моја задача е да се обидам да спречам понатамошно влошување на ситуацијата, да не дозволам таа негативно да се рефлектира на решавањето на другите проблеми, меѓу кој е и иранскиот конфликт“, појасни тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче