Жителите на Крим автоматски ќе станат граѓани на Русија. Ваквата норма веќе се содржи во законскиот проект за прием на Крим и Севастопол во составот на Русија, кој беше внесен во Државната дума од претседателот на Русија во средата, пренесува РИА Новости.
Од денот на приклучување на Крим во составот на Русија, „граѓаните на Украина и лицата без државјанство кои постојно живеат на Крим и Севастопол, стануваат граѓани на Руската Федерација“, се кажува во законскиот проект.
Притоа, во времетраење од еден месец, доколку некој не сака да го прифати руското државјанство, ќе може да се откаже од истото.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче