Претседателот на Русија, Владимир Путин разговараше со својот колега од Ерменија, Серж Саргсјан, за ситуацијата околу Крим, како и за прашањето околу приклучувањето на Ерменија кон Царинската унија, се соопштува на интернет-страницата на Кремљ.
Телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери се одржа во средата. „Претседателите разменија мислења во врска со приклучувањето на Република Крим и Севастопол кон Руската Федерација“, се забележува во документот.
Претседателите, исто така, разговараа за актуелните прашања од руско-ерменската соработка и текот на реализацијата на договорите за приклучување на Ерменија кон Царинската унија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.