Претседателот на Русија, Владимир Путин, му нареди на Министерството на труд во најбрзо време да ги зголеми пензиите на Крим до нивото на руските пензии, пренесува РИА Новости.
„Сите граѓани на Русија треба да имаат исти услови на живот. Како вие ќе го направите тоа - тоа е ваша работа. Заедно со пратениците од Државната дума размислете и направете го тоа. Не се задржувајте, направете го тоа што побрзо“, рече Путин, обраќајќи се на министерот за труд, Максим Топилин.
Станува збор за зголемување на пензиите на граѓаните на Крим во просек за 100%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче