Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, смета дека навлегувањето на Русија на територијата на Украина претставува најголема опасност за Европа од времето на „студената војна“.
„Ова е тревожен сигнал за Алијансата и за сите кои ја гледаат Европа како обединета, слободна и мирна“, ги пренесува Франс Прес зборовите на Расмусен.
„Случувањата во Украина служат како јасен пример за тоа што не треба да се зема безбедноста во Европа како нешто дадено здраво за готово. Треба да внимаваме постојано на тоа какви последици во понатамошна перспектива ќе предизвика мешањето на Русија“, додаде Расмусен.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче