Приднестровската Молдавска Република сака да влезе во составот на Русија. Ова го пишува весникот „Ведомости“.
Се забележува дека претседателот на Врховниот совет на Приднестровје, Михаил Бурла, испратил до спикерот на Државната Дума, Сергеј Наришкин, порака со молба да се разгледа во руското законодавство можноста за влегување на регионот во составот на Русија.
Пораката пристигна како одговор на законскиот проект на „Праведна Русија“ за упростување на начинот на приклучување нови територии кон Русија. Документот дозволува да влезат во составот на Русија делови од странските држави без имплицитна дозвола од тие држави (при отсуство на „ефективна легитимна власт“ во нив), после одржан референдум, или по барање на нивните власти.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче