Долгорочните инвестиции на Русија во транспортната инфраструктура на Крим, според досегашните процени, ќе изнесува до 100 милијарди рубљи (околу 2 милијарди евра) и десетина милијарди рубљи во енергетиката, изјави Алексеј Уљукаев, министер за економски развој на Русија.
„Извршивме процена на транспортната и енергетската инфраструктура. На првата ѝ требаат барем 100 милијарди рубљи, додека во енергетската се потребни инвестиции од 10-на милијарди рубљи“, додаде министерот.
Според министерот, откако ќе биде подготвена целата техничка документација, цифрите ќе бидат дополнително уточнети.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.