Промената на валутите на Крим може да трае два-три месеца

Преминот на Крим од гривната на рубљата може да трае 2-3 месеца, смета министерот за економски развој на Русија, Алексеј Уљукаев.

Преминот на Крим од гривната на рубљата може да трае 2-3 месеца, смета министерот за економски развој на Русија, Алексеј Уљукаев.

„Тоа не е едноставна техничка задача, бидејќи овде е вклучен целиот финансиски сектор на полуостровот, банкарските системи, плаќањето на сметките и др.“, изјави минисерот пред новинарите.

Притоа, министерот не гледа проблеми во истовременото користење на рубљата и гривната на територијата на Крим. „Технички може да се користат и двете валути, но едноставно една од нив треба да биде странска валута за нашиот банкарски систем“, изјави Уљукаев. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња