Одливот на капитал од Русија во јануари и февруари изнесува 35 милијарди долари

Чистиот одлив на капитал од Руската Федерација во првите два месеца од оваа година изнесува 35 милијарди долари, изјави министерот за економски развој на Русија, Алексеј Уљукаев.

Чистиот одлив на капитал од Руската Федерација во првите два месеца од оваа година изнесува 35 милијарди долари, изјави министерот за економски развој на Русија, Алексеј Уљукаев.

Според податоците за февруари, одливот на капитал е сличен како јануарскиот. За двата месеца тој изнесува околу 35 милијарди долари, додаде Уљукаев.

Чистиот одлив на капитал од Русија во 2013 изнесуваше 62,7 милијарди долари, а во 2012 - 54,6 милијарди долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.