Главниот музички колектив на Руската армија ќе настапи на Крим

Академскиот ансамбл за песни и танци при Руската Армија ќе настапи на 19 и 20 март во Севастопол и Симферопол, соопшти во вторникот Министерството за одбрана на РФ.

Академскиот ансамбл за песни и танци при Руската Армија ќе настапи на 19 и 20 март во Севастопол и Симферопол, соопшти во вторникот Министерството за одбрана на РФ.

„Прославениот колектив заминува на Крим во полн состав, вклучувајќи го хорот, оркестарот и играчката група“, се кажува во соопштението.

Посебно внимание ќе биде посветено на репертоарот на украински јазик. „И тоа е апсолутно правилно: украинската и руската култура и песни се нераскинливи“, изјави Антон Губанков, началник во Министерството за одбрана на Русија.

Губанков изјави дека настапот на ансамблот не е само подарок за жителите на полуостровот, туку и поддршка за промена на животот на Крим кон подобро. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња