Министерот за надворешни работи на Франција, Лоран Фабиус, изјави дека членството на Русија во Г-8 е суспендирано. Ова го пренесува Associated Press.
Причина за таквото решение е напрегнатоста околу ситуацијата во Украина после кримскиот референдум.
Останатите седум членови на групата, исто така, ја прекинаа подготовката за самитот Г-8, кој Русија требаше да го спроведе во јуни во Сочи. Според зборовите на Фабиус, тие ќе се сретнат без Русија на следниот состанок.
Г-8 беше група составена од Велика Британија, Германија, Италија, Канада, САД, Франција, Јапонија и Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче