Русија и Крим го потпишаа договорот за влегување на полуостровот во составот на Русија

Русија и Крим го потпишаа договорот за влегување на полуостровот во составот на Руската Федерација, пренесува „Газета.ру“.

Русија и Крим го потпишаа договорот за влегување на полуостровот во составот на Руската Федерација, пренесува „Газета.ру“.

Договорот за влегување на Република Крим и Севастопол како нови субјекти во Федерацијата го потпишаа претседателот на Русија, Владимир Путин, спикерот на кримскиот парламент, Владимир Константинов, премиерот на Крим, Сергеј Аксјонов, како и градоначалникот на Севастопол, Алексеј Чали.

Потпишувањето се случи вендаш после завршувањето на говорот на Путин пред Федералното собрание по повод референдумот на Крим. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња