Претседателот на Русија, Владимир Путин, соопшти дека во Федералното собрание е внесен закон за влегување на Крим и Севастопол во составот на Русија, пренесува „Газета.ру“.
„Внесувам во Федералното собрание на разгледување уставен закон за прифаќање на два нови субјекта на Федерацијата во составот на Русија - Република Крим и градот Севастопол. А исто така, молам да се ратифицира подготвениот договор за влегување на Република Крим и градот Севастопол во составот на Руската Федерација. Не се сомневам во вашата поддршка!“, изјави Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче