Политиката на потиснување на Русија трае од 17 век па до наши дни, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин, настапувајќи пред Федералното собрание по повод референдумот на Крим, пренесува „Газета.ру“.
„Ги имаме сите основи да сметаме дека постои политика на потиснување на Русија, политика која продолжува и до ден денешен. Постојано се обидуваат да не стават во некој агол... но во случајот со Украина, западните партнери ја преминаа секоја линија, се однесуваат неодговорно и нерационално“, изјави шефот на државата.
Путин, исто така, забележа дека денес Русија е под закана на санкции, „но во реалноста и така живееме во услови на редица ограничувања“.
„Уште од времето на 'студената војна' многу забрани се укинати само на зборови“, заклучи претседателот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче