Претседателот на Русија, Владимир Путин, го потпиша указот „За признавање на Република Крим“,според кој Крим се признава за независна држава, соопштено е во прес-службата на претседателот на Русија.
„Земајќи го предвид резултатот и желбите на народот на Крим на референдумот кој се одржа на 16 март 2014 година, се признава Република Крим, во која градот Севастопол има посебен статус, како суверена и независна држава. Овој Указ стапува на сила од денот на потпишување“, се кажува во текстот на указот.
Путин во вторник во 15.00 часот по московско време ќе настапи пред пратениците на Државната дума, членовите на Советот на Федерацијата, раководителите на регионите на Русија и претставниците на граѓанското општество во врска со барањето на Република Крим и градот Севастопол за приклучување во составот на Руската Федерација.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче