17-годишните сестри близначки, Маша и Настја Толмачеви, ќе ја претстават Русија на изборот з а песна на Евровизија во Копенхаген во мај годинава, пренесува „Гласот на Русија“.
Сестрите станаа познати откако победија на детската Евровизија во 2006 година со песната „Пролетен џез“, кои самите ја компонираа. Оттогаш го снимија албумот „Половина“, таботеле на телевизија, а ја имале и главната улога во мјузикл.
„Евровизија 2014“, 59-та по ред, ќе биде одржана во Данска од 6 до 10 мај. На конкурсот ќе учествуваат 37 земји. Русија ќе настапи во првото полуфинале на 6-ти мај.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче