Премиерот на Крим изјави дека полуостровот ќе влезе во составот на Русија за максимално краток период

Премиерот на Крим, Сергеј Аксјонов, изјави дека полуостровот ќе влезе во составот на Русија во максимално краток рок, пренесува Интерфакс.

Премиерот на Крим, Сергеј Аксјонов, изјави дека полуостровот ќе влезе во составот на Русија во максимално краток рок, пренесува Интерфакс.

„Ќе направиме сѐ максимално брзо, почитувајќи ги, притоа, правните процедури“, уточни премиерот. Тој додаде дека жителите на Крим ќе можат да добијат руски пасоши и други документи по кратка постапка.

„Во случај Крим да влезе во состав на Русија, секој жител на Крим ќе може по сопствена желба да поднесе барање во полицијата, која понатаму ќе се обработи според рускиот принцип и закони, и ќе добие пасош, возачка дозвола и други документи по кратка постапка“, забележа Аксјонов. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.