Министерот за надворешни работи на Германија, Френк-Валтер Штејнмаер, ја повика Москва да ја промени својата позиција околу Крим. Ова тој го изјави на 16 март во интервју за весникот Weltam Sonntag, а пренесува ИТАР-ТАСС.
„Ако Русија во последната минута не се реши на отстапки, ние ќе дадеме соодветен одговор за време на средбата на шефовите на МНР на ЕУ државите во понеделник“, изјави Шејнмаер.
„Ние не баравме конфронтација“, забележа тој. „И во истокот на државата состојбата се влошува“, укажа министерот.
Според неговото мислење, „Русија ги негира сите варијанти за излез од кризата, го негира секој чекор за деескалација на напрегнатата ситуација, и, најверојатно, решена е да преземе дејства кои ние не можеме да ги прифатиме“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче