Опозициската акција „Маршот на мирот “ во Москва собра 50.000 луѓе - ваква е оценката на агенцијата AFP, според која собирот е најмасовната протесна акција во последно време. Бројот на учесници според агенцијата е сличен со процената на организаторите и учесниците на маршот. Во паралелен марш „за војната“ зедоа учество до 10.000 луца.
Главен лозунг на маршот е „За Русија и Украина без Путин“. На чело на маршот се Борис Немцов и Дмитриј Гудков. Во акцијата, исто така, зеде учество и музичарот Андреј Макаревич и претседателот на партијата „Јаболко“, Сергеј Митрохин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче