Поранешниот амбасадор на САД во Москва, Мајкл Макфол, смета дека односите на САД и Русија влегуваат во една нова фаза, фаза која наликува на времето на „студената војна“, пренесува „Газета.ру“.
„Идеолошката борба меѓу авторитаризмот и демократијата повторно се појавува. Заштитата на европските држави од руската агресија повторно има првостепено значење“, напиша Макфол на својот Фејсбук.
Според мислењето на дипломатот, приоритет на САД и нивните европски сојузници повторно треба да стане „поддршката на ранливите држави, пред сѐ Украина“. Освен тоа, Макфол укажа на можната политизација на водењето бизнис со руските и западните компании.
„Најтажното од сѐ е тоа што во обидите да се изолира рускиот режим, многу Руси, кои инаку не се поврзани со владата, исто така, ќе го почувствуваат врз себе ефектот на изолацијата. Се надевам дека овој темен период нема да трае долго како „студентата војна“, подвлече Макфол.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче