„Известија“: Русија нема да ги извршува препораките на Европскиот парламент

Руските пратеници сметаат дека ЕУ ги копира дејствата на НАТО државите, а со тоа собира поени за следните избори, пишува „Известија“.

Руските пратеници сметаат дека ЕУ ги копира дејствата на НАТО државите, а со тоа собира поени за следните избори, пишува „Известија“.

Европскиот парламент донесе резолуција за „Навлегувањето на Русија во Украина“, во која се пишува за прекинот на односите со Државната Дума и Советот на Федерацијата доколку Русија не го прекине референдумот на Крим и не ги повлече од него своите војски.

Од друга страна, пак, руското МНР и претставниците на Русија во ПАСЕ го нарекоа документот „необјективен“ и „популистички“, донесен во корист на лоби групите на НАТО државите.

Во резолуцијата европските парламентарци ја осудуваат „руската агресија и навлегување на Крим“, а исто така го прогласуваат за незаконски референдумот кој се одржа вчера на Крим.

„Пратениците од Европскиот парламент предложија да се прекинат односите со Државната Дума и Советот на Федерацијата, поддржувајќи го решението да ѝ се даде на Украина финансиска помош во износ од 11 милијарди евра, а, исто така, да се забрза склучувањето на договорот за асоцијација на Украина со ЕУ“, пишува изданието. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.