Руски авион за радиолокација е дислоциран во Белорусија

Рускиот авион за радиолокација на голем радиус, А-50, е дислоциран во аеродромот Барановичи во Белорусија, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на соопштение од министерството за одбрана на Белорусија.

Во министерството забележаа дека маневарот е извршен во рамките на втората етапа од проверките на воената готовност на вооружените сили на републиката и регионалниот систем за ПВО на Белорусија и Русија.

„За засилување на регионалниот систем за ПВО, остварена е дислокација на авионот за радиолокација на големи далечини, А50, во аеродромот Барановичи“, се кажува во соопштението на министерството.

Белоруските воени експерти соопштуваат дека техничките карактеристики на авионот А-50 дозволуваат значајно да се прошират можностите за радиолокациско разузнавање. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња