Русија на 16 март ќе лансира два телекомуникациски сателита - „Експрес-АТ1“ и „Експрес-АТ2“. Ова го пренесува „Интерфакс“, повикувајќи се на Федералната космичка агенција на Русија.
Лансирањето на ракетата „Протон М“ со забрзувачкиот блок „Бриз-М“ е планиран за 16 март во 3:08 по московско време.
Како што пренесуваат во Роскосмос, сателитите се наменети за овозможување на пакети телекомуникациски услуги, вклучувајќи и дигитална телевизија, мобилна врска и брз пристап до Интернет.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче