Русија гласаше против предлог резолуцијата на Советот за безбедност во ООН за Украина, пренесува РИА „Новости“.
Русија како постојан член во Советот за безбедност во ООН го искористи правото на вето и го блокираше носењето на резолуцијата, со која се предвидува укинување на референдумот на Крим. Останатите членови ја поддржаа резолуцијата, а Кина се воздржа од гласање.
Постојаниот претставник на Русија во меѓународната организација, Виталиј Чуркин, забележа дека „Русија ќе го почитува изборот на народот на Крим“.
Референдумот за статусот на автономната република ќе се одржи на 16 март.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче