Државниот комитет за телевизиско и радио-емитување на Украина побара од телевизиските канали да ги ревидираат програмските содржини и да не прикажуваат филмови кои прикажуваат руска полиција и единици за специјални намени, се наведува во соопштението објавено на интернет-страницата на ова тело на 13 март.
„Додека ситуацијата е заострена“, од програмската шема би требало да се исфрлат забавната, хумористичната програма, а „особено“ руските акциони филмови во кои е присутна пропагандата на руските специјални служби.
Во комитетот ваквата препорака ја објаснуваат со фактот дека во Украина се води „вистинска сеопфатна информациска војна“. Државниот комитет за телевизиско и радио-емитување ја повика украинската медиумска заедница да се спротивстави на „информациската агресија“ на Русија, и на тој начин да го изрази својот граѓански став.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче